Брза вечера: Тортиљи со пилешко за 20 минути

од desk2
733 прегледи

Ако сте гладни, а уморни за готвење тогаш ова е идеален рецепт за вас.

СОСТОЈКИ:
2 тортиљи
400 гр пилешко филе
1 главица кромид
150 гр пченка
150 гр грашок
150 гр сирење трапист
кисела павлака Пекабела
маслиново масло
зачин
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На маслиново масло продинстајте кромид и пилешко, па зачинете. Во истата тава загрејте ги тортиљите на кои ќе изрендате кашкавал. Во подготвеното месо додајте кисела павлака, грашок и пченка, па добро измешајте.
Филувајте тортиља со добиениот фил, поклопете со друга тортиља. Исечкајте на четвртини и уживајте!
Добар апетит!

Слични содржини