Ако ви доаѓаат гости, а немате многу време да им подготвите нешто, овие салати се навистина одличен избор во кој сите ќе уживаат.

Се подготвуваат многу брзо и лесно, многу се вкусни и се одличен прилог со кифлички, како и со ракија или мастика.
ТИРО САЛАТА
Состојки:
250 г фета сирење
400 г павлака со повисока масленост
5-6 лути феферончиња (туршија или свежи)
1/2 лажичка оригано
1/2 лажичка сув магдонос
по потреба сол
Подготовка
Сирењето издробете го со виљушка, додадете ги ситно исечканите лути пиперчиња, павлаката, ориганото и сувиот магдонос и убаво промешајте. Можи и миксер да се користи за сирењето и павлаката, ќе се добие помазна смеса без грутки.
СУСАМ САЛАТА
Состојки:
250 г урда
3-4 лажици павлака
2 лажици мајонез
100 г потпечен сусам
Подготовка
Потпечете го сусамот на тавче без масло. Ќе добие прекрасна арома.
Измешајте ги урдата, павлаката и мајонезот и додадете го сусамот и убаво измешајте.
Добар апетит!/Moi recepti