Брзи тестови за Ковид-19 и во Крушево

од Берта Китинска
448 прегледи

Во здравствениот дом во Крушево ќе се започне со тестирање од Ковид-19. Брзи тестови се обезбедени преку Министерство за здравството.

Од крушевскиот Здравствен дом денеска информираат дека наскоро ќе започне тестирање, а граѓаните ќе може да закажуваат преку „Мој термин“ кај матичните лекари.

За градоначалникот на Крушево Томе Христоски ова е уште еден важен чекор за справување со вирусот.

-Со ова сите граѓани на Крушево ќе имаат термини за тестирање и нема да мора да одат во соседните општини за да се тестираат. Овој чекор сериозно ќе ја олесни работата на матичните лекари, на Здравствениот дом и ќе им се олесни на граѓаните во тие тешки моменти кога се сомневаат и покажуваат симптоми и се упатуваат од матичните на тестирање, вели  Христоски.

Во Крушево се активни 74, а од почетокот на пандемијата се регистрирани 149 случаи со корона-вирусот.

Слични содржини