БРЗИНА НА ШИРЕЊЕ НА НОВИОТ ВИД НА КОРОНА: Експертите откриваат колкав е коефициентот на репродукција

од Nikola Popovski

Студија на Империјал колеџот во Лондон за новата варијанта на коронавирусот што се шири во Велика Британија откри дека брзината на ширење на епидемијата, односно бројот Р, е помеѓу 0,4 и 0,7.

Тоа значи дека секои 10 заразени лица најверојатно можат да заразат помеѓу нови четири и седум лица доколку го имаат новиот вид на вирусот, објави Би-Би-Си.

„Не звучи многу, но разликата е прилично голема“, изјавил професорот за „BBC Radio 4“.

Според него, во услови на ноемвриските блокади, стапката на репродукција била околу 0,9 кога станува збор за стариот вид, што би значело дека во текот на две до три недели бројот на случаи се намалува за околу 30 проценти, додека со новата варијанта тие тројно ќе се зголемат .

Слични содржини