Истражување откри дека брзото одење е поефикасно за намалување на ризикот од срцеви заболувања во споредба со трчањето кога се израмнети потрошувачката на енергија, пишува во публикација на Guardian.

Научниците споредиле податоцие од две истражувања на 33.060 лица, кои редовно се занимавале со трчање и 15 045 кои тренирале брзо одење. При иста потрошувачка на калории, одењето се покажало повеќе од позитивно. Ефектите на тренинзите на учесниците – на возраст меѓу 18 и 80 години, биле следени за период од 6 години.
Резултатите покажале дека трчањето го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести со 4,3 проценти, а брзото одење – со 7 проценти. Истата зависност била во сила и за намалувањето на одделни ризични фактори како висок крвен и холестерол.
Повеќе од учесниците во истражувањето трачале или оделе,а толку поголеми биле придобивките за здравјето. Ако количината на употребена енергија е иста, здравствените придобивки се споредливи, вели водечкиот автор на студијата д-р Пол Вилијамс од Националната лабораторија Лоренс Беркли во Калифорнија.