Бучковски ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија

од Vladimir Zorba

Поранешниот премиер и министер за одбрана, Владо Бучковски ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Владата денеска го именува Бучковски на оваа позиција.

Универзитетски професор и екс-претседател на СДСМ, пред неколку дена во дебата на локална ТВ изјави дека Северна Македонија нема алтернатива, ЕУ е нашата стратешка цел и затоа мора да се избориме за почетокот на преговорите.

-Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности, посочи Бучковски.

Според него, евентуалната политичка криза во нашата држава при опстојување на Бугарија на ветото и на декемврискиот самит на Советот на ЕУ, дополнително ќе ги искомплицира и така комплицираните состојби во нашиот регион на Западен Балкан.

Слични содржини