🎥 Бучковски: Македонија изгуби десет години во расправии со Грција, Макрон ја блокираше на патот за ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ не покажа интерес за интеграциите

од Марта Пешевска
449 прегледи

Поранешниот македонски премиер, Владо Бучковски, изрази загриженост за загубеното време на Македонија во процесот на евроинтеграциите, објаснувајќи дека промената на власта во 2006 година имала сериозни последици. Во интервјуто за емисијата „Граѓански агол“ на телевизија во Црна Гора, Бучковски посочи дека Македонија била лидер во евроинтеграциите на Западен Балкан кога тој бил премиер, но по доаѓањето на новата власт во 2006, Македонија изгубила десет години на расправии и провокации со Грција. Како резултат на тоа, наместо да стане членка на НАТО во 2008, Македонија се приклучила на Алијансата дури во 2020 година.

Бучковски го критикуваше и францускиот претседател Емануел Макрон за блокирањето на напредокот на Македонија во 2019, кога наместо датум за преговори, Макрон предложи нова методологија, што ја искористила Бугарија за да постави нови барања.

Во однос на актуелната власт, Бучковски потсети на неодржаните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, кои како опозиција го злоупотребувале Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, а како власт не покажале интерес за ЕУ интеграции.

Слични содржини