263
Избори на есен, ако во јуни нема пробив во евроинтеграциите, за проф. Владо Бучковски би било политичка лудост.
Му порачува на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека треба да учи што прават другите опозиционери што немаат избори.
„Опозиционер кој верува дека може да стигне до победа не би ризикувал да ја преземе сега власта, за шест месеци истите кои сега се на улица, двојно повеќе да излезат против новата власт и да бараат решенија за кризата која, да не се лажеме, не можат посилни влади од нашата да ја решат преку ноќ. Овде треба трпение од сите, треба конструктивност од опозицијата и мене ми е жал што во вакво невреме и понатаму нема дијалог меѓу власта и опозицијата“,кажа тој во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.