465
Со новиот пристап на преговори, МНР на двете држави и петте работни групи ќе ги водат преговорите. Премиерот Заев и мандатарот Ковачевски ме информираа вчера за новиот пристап, соопшти за „Локално“ професорот Владо Бучковски.
Според информациите, Владата на денешната седница го разрешила поранешниот премиер од должноста специјален претставник за Република Бугарија.
Владата на Заев на крајот на 2020 година го именуваше Бучковски за специјален претставник за Бугарија во време кога се отвори спор меѓу двете земји.
Бучковски во изјава за Локално на почетокот на годинава соопшти дека очекува 2022 година да се реши спорот меѓу двете земји и С.Македонија да започне преговори за челнство во ЕУ.
Б.М.