Бучковски: Промените што ги ветија Петков и Василев се позитивно прифатени во Северна Македонија

од Берта Китинска
318 прегледи

Специјалниот пратеник на Република Северна Македонија за Бугарија Владо Бучковски изрази уверување дека коалициските разговори во Бугарија ќе доведат до формирање влада која ќе почне да работи на решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје.

„Верувам дека промените што ги ветија тандемот Петков и Василев имаат сериозно позитивно влијание врз македонската јавност. Довербата е скршена меѓу нас, како што велите вие, и ни треба силна верба дека можеме да постигнеме решение“, рече тој  во интервјуто за БНР, мислејќи на лидерите на „Продолжуваме да се менуваме“.

Бучковски го коментираше и претстојниот состанок на Европскиот совет во декември: „Има проблеми на маса, мора да се бара компромис. Убеден сум дека можеме да го постигнеме тоа. Колку брзо? Тоа е прашањето на кое немам одговор во моментов“.

Слични содржини