Јасно е кој е победникот.Бевме сведоци на мртва трка, во која, во фото-финишот победи СДСМ и Коалицијата „Можеме“. Ценам дека Заев како иден мандатар ќе направи повторно коалиција со ДУИ и ДПА, за Дојче Веле вели поранешниот премиер Владо Бучковски.
„Не очекувам уцени од ДУИ, Насер Зибери да биде идниот премиер. Објективно, Заев и Ахмети во кампањата се оддалечија еден од друг, но изборниот резултат повторно ќе ги зближи! Дамка на вчерашните фер и демократски избори фрли Мицкоски, со тоа што за првпат во нашата 30-годишна историја на повеќепартиски избори, не даде изјава како лидер на опозицијата по објавувањето на првичните резултати од ДИК и не го призна поразот. Ова ме наведува на заклучок дека денес ќе има изјава во која ќе ги спори изборните резултати и ќе бара прегласување на повеќе десетици избирачки места!“, истакна Бучковски.