Буџаку: Постојано сум во комуникација со дебарчани, сега треба мобилизација не критика

од Берта Китинска
235 прегледи

Постојано сме во контакт со граѓаните од Дебар, кои покажаа високо ниво на самосвест.Дебар е место кое е прилично лесно за контролирање, со бројка на луѓе кои релативно лесно можат да се снабдат со продукти, вели  Агрон Буџаку, директор на ЦУК во изјава за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

 

Владее домаќинска култура. Нон – стоп сум во комуникација со дебарчани. Подобро е да ги прашаш „своите“ и да се слушаат сограѓаните. Јас сум дебарчанец и горд сум на ова што се случува таму и нивото на самосвест. Продавниците се полни, цените не се накачани. Ова е пример кој што треба да се истакне во случај да се прошири кризна состојба и во други општини, вели Буџаку.

Буџаку истакна дека институциите се спремни да се соочат со коорнавирусот поради превземање на навремени мерки.

Слични содржини