Ракометарката Андријана Будимир борец на теренит, борец во животот. Нејзината битка сега е нејзиниот син, дете со попреченост.
Таа раскажува дека на часовите по физичко образование нејзиниот син е исклучен затоа што професор не може истовремено да работи со 35 деца од одделението и да посвети време на дете со попреченост. Затоа, смета дека, мора да има посебен професор кој ќе работи со овие деца.
„Кога некој има роденден, освен што носат крем бананчиња за сите деца, носат и банана за мојот син, за да знае дека и тој е дел од роденденот“,раскажува Будимир споделувајќи го своето искуство на дебатата која беше организирана во Општина Карпош.