Капитенот на италијанскиот шампион Јувентус – Џанлуиџи Буфон, ги нападнал своите соиграчи во соблекувалната после поразот со 0: 1 од Наполи, што сериозно ја загрозува хегемонијата на „бјанконерите“ во Италија.
Јужњаците стигнаа до важната победа со гол на Калиду Килубали во 90-тата минута. Тој се запиша по центрирање од корнер, откако беше „испуштен“ од Меди Бенатиа. Токму мароканскиот репрезентативец бул најмногу критикуван од легендарниот голман, кој бил доста суров.
Вербалните напади на Буфон сепак не создале проблеми во редовите на „старата дама“, а целта поскоро била да се дејствува стимулативно. Ова не е прв пат кога голманот бр.1 на планетата за 2017 година дејствува на тој начин, за да го инспирира Јуве.
Шампионите се лидери во Серија А со бод предност пред Наполи. До крајот на сезоната сепак тимот од Торино имаат многу тешка програма – гостувања кај Интер и Рома, плус домашни дуели со Болоња и Верона. За избраниците на Маурицио Сари претстојат посети на Фиорентина и Сампдорија и домашни натпревари со Торино и Кротоне.