Буфон потврди: Гатузо е новиот селектор на Италија

од Nikola Popovski
7 прегледи

Џенаро Гатузо е новиот тренер на италијанската фудбалска репрезентација, а ова го потврди и менаџерот на тимот на „Азурите“, Џанлуиџи Буфон.

Кога Лучијано Спалети одлучи да ја напушти функцијата селектор на Италија, локалните медиуми веднаш почнаа приказни за тоа дека Гатузо е главен кандидат за таа позиција.

Сега сето тоа е потврдено, а поранешниот тренер на Хајдук од Сплит ќе има многу тешка задача.

„Претседателот и Федерацијата имаа неколку доста интензивни денови исполнети со разни состаноци. Мислам дека на крајот ја донесовме најдобрата можна одлука“, изјави Буфон за „RAI Sport“.

Прв помошник на Гатузо ќе биде Леонардо Бонучи, додека покрај него ќе биде и Андреа Барцаљи.

Италија не беше на Светските првенства во Катар и Русија, па затоа трет неуспех во квалификациите навистина би бил катастрофа.

„Аѕурите“ без многу волја го започнаа својот поход кон САД, Канада и Мексико, бидејќи беа поразени од Норвешка во првото коло, додека го подобрија својот впечаток против Молдавија, каде што победија со 2:0.

Слични содржини