Бугарија барала да се потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот

од Берта Китинска

Министерoт за надворешни работи, Бујар Османи, кажа дека лани во декември неговата колешка од бугарското МНР, Екатерина Захариева, му дала предлог-договор за решавање на спорот меѓу двете земји.

Како што рече Османи „два члена од тој договор биле спорни за нас“, а со кој се барало да потпишеме дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од „обидот за ослободување од отоманската империја“.

Тој воедно на денешниот брифинг истакна дека Македонија заслужува да започне преговори во Европската Унија.

„Мислам дека сме заслужиле да почнеме преговори, бараме нешто што е наше и заслужено и сметам дека не треба да оставиме простор за да полека ова прашање да влезе во замрзнат конфликт“, порача Османи.

Слични содржини