Бугарскиот претседател Румен Радев во Брисел изјавил дека бугарската влада е подготвена да се вклучи во активен дијалог со Скопје.
Тој ова го кажал дека по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан и португалскиот премиер Антонио Коста во Брисел.
Претседателот на Бугарија додал дека Бугарија е подготвена да разговара за пристапните преговори на С. Македонија во Европската унија.
Средбата се одржала пред состанокот на лидерите на земјите од ЕУ на иницијатива на претседателот на ЕК и португалскиот премиер, чија земја е претседател на Советот на ЕУ, пренесе агенцијата БТА.
Главните теми биле преговорачката рамка со С. Македонија и почетокот на пристапувањето на Скопје во Европската унија. Радев ја претставува Бугарија на првиот собир на Советот на ЕУ во 2021 година, што не се одвива преку видео врска, туку во живо.
Исто така, на дневен ред се прашања поврзани со вакцините, односите со Русија и ревизијата на спроведувањето на трговскиот договор со Велика Британија. Радев рече дека мора да има позитивни примери во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и директен и отворен дијалог за решавање на проблемот.
Тој додал дека претстојното „заедничко чествување на двете делегации“ со претседателот Стево Пендаровски, во спомен на животот и делото на Св. Кирил и Методиј во Рим е „добар знак“. Радев го повика Скопје да покаже добра политичка волја, со цел да постигне опипливи резултати во проблематичните области.