Бугарија ги изложи во музеј запленетите црковни реликвии од Драма , Серес, Охрид, Битола, Струмица и Прилеп

од desk3
227 прегледи

91409c713be0fdb78a0bc1bea8225694

Побараните од Вселенскиот патријарх Вартоломеј црковни реликвии се изложуваат во Националниот историски музеј (НМИ) на Бугарија. Тоа го соопштија од музејот поради “зголемениот интерес кон бугарските споменици собрани од бугарската армија во 1917 година од манастирите во Драма и Серес и од  храмови во Охрид, Битола, Струмица и Прилеп”.

BUG

Вселенскиот патријарх Вартоломеј побара тие да бидат вратени на Грција за време на официјалната посета на Бугарија во почетокот на неделата, откако го доби највисокото државно одликување орден “Стара Планина”.

Тоа предизвика скандал таму. Претседателот Росен Плевнелиев пак призна дека останал изненаден од претензиите на Вселенскиот партриарх и тоа не било ниту начинот ниту местото тие да бидат искажани.

Мислата дека Вселенскиот патријарх Вартоломеј I побара враќање на одземени за време на војни црковни скапоцености од Северна Грција, кои во Бугарија, во замена на моштите на цар Самуил лебди во просторот- на прес-конференција посочи археологот проф. Николај Овчаров.

430x287

Тој инсистираше да се обрне внимание на побарувањето на патријархот Вартоломеј и претпостави дека можеби таа е поврзана со враќањето на коските на цар Самуил на бугарската држава.
“Зборуваме за едно наследство на бугарскиот народ, што е конзервирано потоа на бугарска земја”, изјави проф. Овчаров.

“Станува збор за разузнавачки експедиции кои се правени за време на Балканската и Првата светска војна. Некои од овие реликвии доаѓаат од манастири од Северна Грција. Треба да знаеме дека, сепак, тоа биле опасни времиња, кога многу манастири биле уништени. Страшно е “, раскажа уште тој и објасни дека кога Бугарите се повлекуваат, остануваат ужасно изгорени многу села и стотици илјади бегалци доаѓаат во Бугарија.” Тие ги носат со себе овие реликвии “, истакна археологот.

Тој меѓутоа обрна внимание на самото барање на патријархот Вартоломеј и претпостави дека макар и да не кажа ништо за возврат, Вселенскиот патријарх го имал предвид враќањето на црковните реликвии да стане предмет во замена на моштите на цар Самуил.

“Овие коски треба да го најдат спокојот и своето место. Овие коски треба да бидат отстранети од подрумите на музеите и да бидат погребани на христијански начин “, рече проф. Николај Овчаров.