Бугарија го заштити националниот интерес, вели Трифонов по гласањето на Извештајот за Македонија без идентитет и јазик

од Nikola Popovski
72 прегледи

„Бугарија постигна нешто што ретко го правела – го одбрани својот национален интерес“ – вака лидерот на бугарската партија, Има таков народ, Слави Трифонов го коментирал тоа што Извештајот за Македонија во ЕП помина без термините македонски идентитет и јазик.

Според Трифонов, тоа се должи на фактот поради јасната позиција на ИТН, која предложила резолуција до Бугарското собрание за цврст став на Софија во врска со тврдењата на Македонија.

„Второ, ова се случи поради организираната и доследна, 24-часовна активност на бугарските европратеници, кои направија нешто достојно за почит“, порачува Трифонов.

„Тие го променија мислењето на европратениците и ги натераа да ја видат и разберат бугарската позиција. И што е поважно – безусловно да ја поддржат“, додава тој.

„Трето, сè што моравме да гледаме и да го запираме беше резултат на некомпетентната и штетна надворешна политика на „Продолжи ја промената“ (ПП), предводена од поранешен премиер, а неодамна и поранешен пратеник. Тогашната двојна надворешна политика на Кирил Петков создаде предуслови за властите во Македонија бидејќи мислеа дека Бугарија е видливо слаба“, пишува лидерот на ИТН.

Трифонов вели дека реагирале со тоа што ја урнале тогашната влада.

„Реагиравме сега, бранејќи го нашиот национален интерес. Отсега натаму, ќе продолжиме да реагираме на потполно ист начин – секој пат кога ќе се нарушат бугарските интереси и правата на Бугарите во таканаречената држава „Северна Македонија“, пишува Трифонов.

Слични содржини