Бугарија може да определи екипа од луѓе или претставник на ниво на Бучковски, смета Ќучук

од Nikola Popovski
355 прегледи

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук верува дека ЕУ ќе ја потврди јасната перспектива за Западен Балкан на Самитот во јуни.

„Тука е важно регионот да биде активно вклучен на конференцијата за иднината на ЕУ. Од тоа најголема добивка ќе имаат младите луѓе“ рече тој меѓу другото, во интервју за ТВ Сител.

Тој смета дека С. Македонија и Албанија треба да одат во пакет и да се стимулираат.

„Многу тешки последици може да има за двете земји доколку бидат раздвоени на патот кон ЕУ“, потенцира Ќучук.

Европратеникот напоменува дека бугарската Влада може да определи екипа од луѓе или претставник на ниво на Владо Бучковски и да се водат тие разговори, не за историските прашања, туку во смисла на подготовка на средината на донесување на важно политичко решение.

Слични содржини