Бугарија на второ место по пиратерија во светот, а ја следат Хрватска, Грција и Србија

од Vladimir Zorba

Бугарија е на второ место во светот по кршење на авторските права и интернет пиратството. Тоа го покажа истражувањето на ај-ти компанијата MUSO, која го објави годишниот извештај за заштита на авторските права и содржини во светската мрежа за 2015 година.4984056

Незавидното прво се зазема од Литванија со 46,3% пиратска содржина. Бугарија е со 27,43% и на трето место Латвија со 24,54%. Следат Хрватска, Шпанија, Грција и Србија – со околу 22% пиратска содржина, Ирска, Романија и Шведска – со околу 19%.

Во Русија и Канада броевите соодветно се 110% и 11%. Низок процент на интернет пиратерија има во САД – 5%, а најниска во светот е во Германија – таму само 1,71% од корисниците користат пиратска содржина на интернет просторот.

Maкедонија не влегува во топ 50 земјите со најмногу преземени пиратски содржини.country5

Во своето истражување ај-ти компанијата MUSO вклучила 14 000 значајни торент и стриминг сајтови, од каде се спуштаат различни содржини. Само во 2015 година во овие сајтови имало 141 милијарди посети. Како заклучок од MUSO посочуваат дека онлајн пиратството продолжува да беснее, и покрај правните можности за заштита на авторските права.

Секој ден на интернет корисниците во светот посетуваат пиратски сајтови барем 100 милиони пати.

Слични содржини