На Советот за општи работи што се одржа вчера во Брисел, Бугарија го потврдила ставот во однос на преговорите за пристапување на Република Македонија во Европската унија.
На вчерашниот состанок земјите-членки разговараа за прашањето за проширувањето на ЕУ, како и за подготовките за Европскиот совет на 16 декември.
Како што јавуваат бугарските медиуми, Бугарија потврдила дека не може да ја одобри нацрт-преговарачката рамка и да постави рок за свикување на првата Меѓувладина конференција со Република Северна Македонија, бидејќи барањата од националниот рамковен став, поддржан со Декларација на Националното собрание, не се исполнети.
-Постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, амбасадорот Румен Александров, кој ја предводи бугарската делегација за учество на редовниот состанок на Советот за општи работи, ја изрази подготвеноста на Бугарија да продолжи со директниот дијалог со Скопје со цел да се решат прашањата за неусогласеност, односно Договорот и заштитата на правата на граѓаните со бугарски идентитет, објави бугарската новинска агенција, БГНЕС.