„Бугарија не може да биде рамнодушна кога некој се обидува да ја поткопа бугарската историја“

од Берта Китинска
246 прегледи

Укинувањето на ветото на Бугарија за Северна Македонија е функција на работата што мора да ја направат и македонската и бугарската страна и да се постигне напредок во сите важни точки, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за Нова Телевизија.

-Бугарија и Северна Македонија мора да работат заедно, потенцира Петков.

На прашањето дали Русија се меша во бугарско-македонските односи преку филмот „Една вера, еден јазик“, Петков коментира дека тезите претставени во него се сосема спротивни на добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Петков воедно потсетува дека бугарската Влада се изјасни против филмот и освен што не го одобрува, туку и силно го критикува.

-Бугарија не може да биде рамнодушна кога некој се обидува да ја поткопа бугарската историја, наведува Петков.

Специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија, порф.Владо Бучковски во разговор за „Локално“, вели дека очекува годинава да биде крената бугарската блокада и отварањето на преговорите со ЕУ конечно ќе стане реалност.Според него , најголема опасност во овој процес на преговори е замрзнатиот конфликт.

-Верувам дека извлековме поука од спорот со Грција околу разликите за нашето уставно име. Факт е дека во тој спор, со Грција , времето не беше наш сојузник ! Денес, на сите ни е јасно дека ако спорот го решевме пред 10, 15 или 20 години, ќе имавме далеку подобро решение ( секако без употреба на новото име за внатрешна употреба), смета Бучковски кој прогнозира дека во Новата година ќе се постигне заедничко решение со Бугарија.

– Очекувам во 2022 година да постигнеме заедничко прифатливо решение со Бугарија, решение кое ќе почива на взаемно уважување и решение кое ќе биде одржливо.Ќе биде крената бугарската блокада! Отварањето на преговорите со ЕУ, конечно ќе стане реалност!, подвлекува тој.

Слични содржини