Бугарија останува на ветото: „Се е во рацете на македонските власти“

од Nikola Popovski
296 прегледи

Денеска привремената влада на Бугарија исклучи каква било промена на ветото за почеток на преговорите за пристапување на С. Македонија во Европската унија.

Во ноември минатата година, Бугарија го блокираше официјалниот почеток на разговорите за пристап на северна Македонија во ЕУ поради спорови околу историјата и јазикот, објави Ројтерс.

Софија го обвини и Скопје за говор на омраза и неспроведување на билатералниот договор за пријателство во 2017 година.

– Рамковната позиција на Бугарија (по тоа прашање) беше усвоена со консензус на сите политички партии во бугарскиот парламент. Како привремена влада, немаме овластување да го смениме тоа – им рекол на новинарите новиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев.

Стоев (60), дипломат од кариера, рече дека ќе вложи максимални напори да го одржи дијалогот со С. Македонија.

– Сè е во рацете на официјалните лица во Северна Македонија. Тие многу добро ја знаат бугарската позиција и не треба да претпоставуваат дека ќе има промена во следните два или три месеци додека оваа привремена влада е на функција – рече тој.

Софија сака Скопје да признае дека нашата нација и јазик имаат бугарски корени и сака да се стави крај на антибугарската реторика.

Премиерот Зоран Заев во неколку наврати повтори дека македонскиот идентитет и јазик не се предмет на дискусија.

Слични содржини