Фитнес инструкторот кој има бугарско потелко и живее во Обединетото Кралство Иван Димитров (27), кого милиони ширум светот го виделе како го оштетува 2.000-годишниот Колосеум во Италија, и се извини на полицијата за неговиот непромислен вандализам.
Иван Димитров (27), која исто така го користи името Иван Хокинс, заедно со девојката Хејли Брејси (33), го привлекоа вниманието на јавноста откако револтиран турист го сними како ги пишува нивните имиња на познатиот објкет, по што ја објави снимката на Интернет.
Роберто Мартина од италијанската полиција соопшти дека неговите „колеги разговарале со човекот и дека тој се извинил и изразил искрено каење за стореното“, пренесува хрватски „Јутарњи“.
„Тој не контактираше откако го добивме неговиот телефонски број од хотелската евиденција и оставивме порака да ни се јави. Беше загрижен за правните импликации и се му беше објаснето“, додал полицацот.
„Му рековме дека извештајот ќе биде испратен на неговата адреса во Велика Британија и потоа целата работа ќе оди на суд, веројатно на почетокот на следната година и тој ќе може лично да се извини на судот таму. Не го прашавме зошто го направи тоа, ќе му каже на судијата, само му кажавме дека е осомничен и дека е дел од истрагата. Тоа не важи за неговата девојка, иако технички и таа може да се смета за соучесник“, рекол Мартин и потенцирал:
„Но, повторно, тоа ќе го реши обвинителот откако ќе ја завршиме истрагата, која не би требало да трае предолго бидејќи главен доказ е оригиналната снимка од споменатиот инцидент“.
Мартина откри ли дека Иван е многу вознемирен поради тоа што го направил, постојано се извинувал за тоа и е загрижен за последиците од неговото однесување.
„Му објаснивме дека може да добие затвор од две до пет години и парична казна до 15.000 евра“, порачал полицискиот службеник.
Димитров води своја компанија специјализирана за фитнес, но и работел со скратено работно време како доставувач.
„Крајно е срамно и знак на голема недостиг на култура што турист оштетува едно од најпознатите места во светот и дел од историското наследство“, изјавил министерот за култура Џенаро Санџулијано.
Italian authorities are looking for a tourist who scribbled graffiti on a wall of the Colosseum https://t.co/SvYHEe3ACQ pic.twitter.com/460v1mLqhj
— Reuters (@Reuters) June 27, 2023
Изграден во првиот век од нашата ера, Колосеумот е најголемиот амфитеатар во светот, римска знаменитост и главна туристичка атракција. Бил домаќин на гладијаторски борби и други спектакли, од кои многу биле брутални. Секоја година, Колосеумот го посетуваат околу еден милион посетители.