Се огласи момчето на кое му се заканува затвор бидејќи го оштети Колосеумот

од Stefanija Kuzmanovska

Турист од Англија, кој беше обвинет за оштетување на римскиот Колосеум, рече дека не бил свесен за староста на античкиот споменик.

Иван Димитров, 27-годишен фитнес инструктор кој живее во Бристол, напиша писмо со извинување до градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, откако го издлаби своето име и името на неговата девојка на внатрешниот ѕид на 2.000 години стариот Колосеум со клуч, објави „Гардијан“.

Во писмото англискиот турист, кому италијанската полиција му влегла во трага по петдневна потрага, напишал дека дури сега ја сфатил „сериозноста на злосторството“.

„Во овие редови сакам да испратам мое искрено извинување до Италијанците и до целиот свет за штетата направена на имотот, кој е, всушност, наследство на целото човештво“, додаде тој во писмото објавено во весникот „Месаџеро“.

Димитров, кому му се заканува голема парична казна и можна затворска казна, ги пофали оние кои „со посветеност, грижа и пожртвуваност ја чуваат бесценетата историска и уметничка вредност на Колосеумот“.

„Со длабок срам дознав за староста на споменикот дури по она што се случи, за жал“, истакнал тој.

Слични содржини