Како граѓани на Република Северна Македонија со бугарско потекло и самосвест, би сакале да ја споделиме со вас нашата загриженост за брзото влошување на демократскиот амбиент во нашата земја, велат во своето обраќање Бугарите од културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола до претседателот на Република Бугарија Румен Радев.
-Во последните две недели се води кампања за гласање во нашиот парламент за некои „црвени линии “, кои РС Македонија ќе ги претстави како антибугарски ултиматум пред Брисел пред да ги започне преговорите за членство. На сите им е јасно дека овој антибугарски ултиматум ќе ја затвори вратата за нашите шанси да започнеме преговори следната година. Овие „црвени линии“ се доказ за трајното приврзување на нашата олигархија кон етничката доктрина на тоталитарната југословенска држава“, се вели во писмото до шефот на бугарската држава.
Причината за тоа е иницијативата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која вчера до македонскиот парламент достави предлог-резолуција со која се дефинираат македонските државни позиции во однос на евроинтеграциите и наметнатите блокади, велат бугарски медиуми.
Во своето писмо Центарот за култура Иван Михаилов привлече внимание на прашањето за „интегритетот на Европа, што ја игнорира состојбата со човековите права во нашата земја“.
-Денес се прашуваме дали овој говор на омраза од младиот член на ВМРП-ДПМНЕ е содржината на „црвените линии“ на национализмот? Ако говорот на омраза против нас – граѓаните на РС Македонија од бугарската заедница – продолжи, не знаеме дали ќе ги добиеме нашите права и слободи и дали нашата земја ќе има европска иднина. Без длабоки промени и без реформа на државната етничка идеологија во РС Македонија, за нас Европа ќе биде само замисла. Затоа ве замолувам во разговорите со нашите власти да потсетите дека без правда за македонските Бугари нема да има перспектива за стабилност на демократскиот процес во нашата земја , стои во обраќањето на културниот центар „Иван Михаилов“ до претседателот на Бугарија.