Бугарите од Македонија заминуваат во Софија, ќе бараат од Радев и Петков да ги заштитат нивните права

од Nikola Popovski

Во наредните денови во Софија ќе престојуваат претставници на бугарски организации и здруженија од Македонија. Според бугарските медиуми, тие ќе имаат средби со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков, тамошното министерство за надворешни работи и претставници на политичките партии.

-Нашата главна цел е да ја запознаеме бугарската политичка елита со нашите проблеми и тешкотии со кои се соочуваме во секојдневниот живот во нашата земја. Воедно, отворено ќе ги поставиме прашањата за кои сметаме дека треба да се решат во блиска иднина, изјавил лидерот на ГДУ, Петар Колев, кој ќе учествува на разговорите во бугарската престолнина.

Информациите за преговарачкиот процес меѓу двете земји ќе ги побараат и Бугарите од Македонија, бидејќи „тоа директно ги засега и денес и во блиска иднина“.

-Не се работи само за заштита на нашите права, туку и за заштита на нашето културно и историско минато. За минатото на нашите предци. Нема да го пропуштиме прашањето за наше вклучување во Уставот на РСМ – како државотворен народ. За последното прашање „Сакам да појаснам дека не се работи за малцински права, туку за правата на Бугарите од РСМ, додал тој.

Дел од делегацијата ќе бидат претставници од културниот центар „Иван Михаилов“ – Битола, здружението „Трибуна“ – Прилеп, здружението „Македонско-бугарско пријателство“ – Скопје, здружението „Коридор 8“ – Скопје, здружението „Интеракција“ – Охрид, здружението „Единство“ -Кочани и ПП Граѓанско-демократски сојуз (ГДУ).

Делегацијата ќе биде составена од Љупчо Георгиевски, Георги Царномаров, Благој Шаторов, Владимир Перев, Атанас Величков, Игор Билбиловски, Илија Стојановски, Александар Димитровски, Димче Петкоски, Георги Трендафилов и Петар Колев.

Слични содржини