Медиумите од Бугарија пишуваат дека продуценти од Софија подготвуваат документарен филм за цар Борис Трети. Во филмот наводно ќе учествува холивудската ѕвезда Антонио Бандерас, кој најверојатно треба да го глуми некогашниот бугарски цар.
Како што се наведува во тамошните медиуми, 62-годишната ѕвезда веќе неколку пати била во Бугарија и разговарала за деталите од историскиот филм, кој ќе почне да се снима наесен. Предвидени се кастинзи на кои ќе се изберат актери кои ќе се приклучат на екипата која ќе глуми во филмот.
Цар Борис Трети навистина ги поддржуваше Евреите во Бугарија, но испадна дека има многу повеќе луѓе вклучени во оваа историја. Сакаме да ги прикажеме повеќето од нив со развивање на нивните приказни во филмот, вели продуцентот Ави Лернер, пишува „Бугарија Днес“.
Предвидено е филмот да биде на англиски јазик.
Името на царот Борис Трети е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Цар Борис Трети и Владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во логорот Треблика, во окупирана Полска.