Бугарска дипломатка: Софија е конзистентна во поддршката за Македонија, но Скопје мора да се придржува кон Договорот

од Nikola Popovski
368 прегледи

Бугарија има јасна и конзистентна политика кон РС Македонија за нејзина европска интеграција. Ова е редок, но добар феномен во нашата политика, смета поранешната бугарска министерка за надворешни работи и поранешна амбасадорка во Турција, Надежда Неински.

-За нас е исклучително важно Македонија да биде членка на ЕУ, но пред тоа мора да се исполнат условите за ова членство, како што направивме сите ние пред нашето пристапување, вели Неински.

Според неа, „дефинитивно има прогон на граѓани со бугарски идентитет во РСМ“.

-Постои политика на прогон на овие граѓани“, нагласува Неински.

Таа потсети дека меѓу двете земји бил потпишан Договор за соседство и пријателство во 2017 година, кој, сепак, не бил испочитуван, исто како што не ил почитуван Договорот од 1998 година.

-Во РСМ има говор на омраза, има пречки за бугарски инвестиции, има проблеми со работата на заедничката историска комисија. Поради непочитување на Договорот од 2017 година. во пракса, проблемот станува европски затоа што постои непочитување на меѓународниот договор потпишан од земја-членка на ЕУ и земја-кандидат, вели дипломатката.

Слични содржини