276
МВР соопшти дека бугарска државјанка била уапсена во Делчево откако со нож им се заканувала на невенчанот сопруг и неговите родители.
„На 16.03.2021 во 22.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево ја уапсиле Б.Д.В.(44) од Република Бугарија, со привремено живеалиште во Делчево, бидејќи претходно со остар предмет се заканувала на нејзиниот невенчан сопруг и неговите родители“, велат од полицијата.
Лицето било задржано во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.