Бугарска професорка: Позицијата на Софија кон С. Македонија гледа во минатото, а не кон иднината

од Nikola Popovski
592 прегледи

Бугарија успеа да ја смени својата улога од добар полицаец за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во лош, откако ги блокираше преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предлага разговорите да се поделат – на европско ниво да се водат мултилатерално, а противречностите – билатерално. Ова е позиција на Европската унија и не е без преседан, вели бугарската професорка Ана Крастева, за една локална емисија.

Според неа, разликите меѓу земјите мора да се решат на европско ниво.

-Бугарија сака токму спротивното – да ја ангажира ЕУ на своја страна. Не успеваме да комуницираме што точно не загрижува. Бугарија звучи како од минато, а не како за иднина. Нашиот сопствен развој ќе беше забрзан доколку повеќето од нашите соседи беа членки на ЕУ, смета професорката.

Таа потенцира дека Европската унија не е обединета во врска со проширувањето.

-Германија е една од земјите за проширување на Западен Балкан. Франција сака длабока интеграција и покажува незадоволство од европското членство на Бугарија и Романија. За нив е рано да се прифатат нови земји кои не се подготвени. За Париз, ова ќе ги влоши проблемите во европските земји, истакна Крастева.

Слични содржини