Бугарската блокада извесна, решение ќе се бара во декември

од Берта Китинска
483 прегледи

Софија во денеска, на Советот на минстри, ќе стави вето за старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија најави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева,оваа изјави доби потврда и премиерот Зоран Заев.

Решение со Бугарија ќе се бара во декември

Премиерот Зоран Заев вчера од Берлин потврди дека не очекува добри вести од утрешниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел и почеток на преговори. Решение со Бугарија ќе се бара во декември

„ЕУ на денешниот состанок на министрите за надворешни работи нема да одобри одржување на Меѓувладината конференција со Северна Македонија поради блокадата на Бугарија. Надежите сега се селат следниот месец, во декември, доколку дотогаш се најде решение на историскиот спор кој го наметнува Софија“, изјави Заев.

Софија во денеска, на Советот на минстри, ќе стави вето за старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија најави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева,оваа изјави доби потврда и премиерот Зоран Заев.

Захариева, во интервју за бугарската телевизија „БТВ“ кажа дека ќе го блокираат стартот на преговорите со ЕУ бидејќи македонската страна не ги исполнувала обврските од Договорот за добрососедство и не е подготвена за старт на преговори.

„Ние велиме ‘не’ за почеток на преговори, а не за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Европските лидери за наградата за Заев

Заев, вчера, во Берлин,ја доби наградата наградата за човекови права за 2020 година, која ја доделува Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Курт Бек, истакна дека тоа што премиерот Заев го направил за Северна Македонија и Европа е од исклучително значење.

„Вашиот придонес за човековите права, особено преку концептот ‘Едно општество за сите’, е придонес за вредностите на Европската Унија“, порача тој обраќајќи се до Заев.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во својот поздравен говор, со кој и му ја додели наградата на премиерот Заев, истакна дека Заев го донел достоинството на демократијата во неговата земја како прв чекор кон Европа.

Мас потенцира дека Германија заедно со Северна Македонија ќе продолжи да работи и во наредните денови за да се постигне успех и да се одржи првата меѓувладина конференција во времетраење на германското претседателство.
На церемонијата беа презентирани повеќе видеообраќања со честитки и многу емотивни пораки за премиерот Заев, на кои се јавија поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас, специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.