Бугарски државјани биле нападнати во Хрватска, откако Милановиќ ја осуди политиката на Софија врз Скопје

од Nikola Popovski

Претседателот и премиер на Хрватска, Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ, продолжиле со вербалниот конфликт што траел со месеци денес, овој пат поради критиките на Милановиќ кон политиката на Бугарија кон С. Македонија.

Пленковиќ го нарекол Милановиќ „поттикнувач и измамник“, а Милановиќ изјавил дека премиерот „шета наоколу и тресе глупости како последна баба на пазар“.

Контроверзноста ја предизвика неодамнешната изјава на Милановиќ по состанокот на Брдо кај Крањ во Словенија дека Македонија е во невозможна позиција затоа што земја-членка на ЕУ влегува во нејзиниот „интимен простор“, со барањето во учебниците по историја „да ја дефинира својата национална генеза како што бара соседната земја“.

Бугарија ја осудил изјавата, а премиерот Пленковиќ вчера рече дека по изјавата на Милановиќ биле евидентирани два инциденти со напади врз бугарски државјани.

Според првата пријава мета била постара дама, бугарска државјанка, која била нападната од таксист. Во пријавата се наведува дека таа откако влегла во такси, возачот многу остро реагирал дека премногу силно ја затворила вратата од автомобилот. Потоа ја прашал од каде е и кога го слушнал одговорот дека е од Бугарија, агресивно ѝ одговорил: „Вие, Бугарите со валканата политика кон Македонија, доаѓате да живеете тука во нашата ‘Прекрасна Хрватска’“.

Во пријавата се наведува дека таксистот го запрел автомобилот, ја замолил дамата да плати за возењето и да го напушти возилото. Дамата излегла и го замолила возачот да ѝ помогне да ја извади својата торба од багажникот, на што тој грубо ѝ ја фрлил торбата, па дамата поради тоа наводно паднала на подот.

Во вториот случај исто така станува збор за бугарска државјанка која пријавила дека предмети биле фрлени кон нејзиниот сопруг на пазарот. На ова претходела расправа за потеклото на робата што се продава, за потоа расправта да продолжи за потеклото на учесниците во расправата. Продавачот почнал да го навредува бугарскиот државјанин бидејќи, како што се вели во пријавата, „Бугарија ја уценува несреќната Македонија“, а потоа кон него бил фрлен предмет.

Милановиќ вчера изјавил дека не знае за какви инциденти станува збор, дека ниту тој ниту новинарите не знаеле за нив, а полицијата не објавила ништо.

„Премиерот оди наоколу зборувајќи како последна баба на пазар за некои напади врз Бугарите во Хрватска. Би се чувствувал одговорен да објаснам што сакав да кажам со таа изјава“, изјавил Милановиќ пред новинарите во Слуњ.

Хрватскиот претседател прашал што е тоа што го предизвикува.

„Со што јас сум подбуцнувач? Со предупредување дека политиката на една држава кон друга држава е неточна, дека станува збор за малтертирање на послабите. Бугарија е партнер со нас во нашите напори да станеме дел од Шенген зоната и реков, ако не беше јасно, дека притисокот и уцената на мала соседна земја за да се влезе во Шенген е погрешен начин. Пред 30 години, покојниот Туѓман зборуваше за Бошњаците како муслимани. Денес има Бошњаци, бошњачки јазик. Замислете некој во Хрватска да им го ускратува правото на Бошњаците да го нарекуваат јазикот бошњачки. Ова никому не му паѓа на памет во Хрватска и не треба да им се прави. Ова го чувствувам како моја мисија да кажувам такви работи…“, додава Милановиќ.

На Милановиќ брзо му одговорил Пленковиќ, кој бил во Сплит за да ги поддржи кандидатите на Хрватскиот демократски сојуз во вториот круг од локалните избори во недела.

„Тој поттикнувач и измамник е одговорен за извештајот што дојде од бугарската амбасада за напади врз тројца бугарски државјани. Зошто? Бидејќи тој зборуваше против Бугарија на Брдо кај Крањ“, рече Пленковиќ, додавајќи дека во меѓувреме дознал дека биле нападнати тројца, а не двајца бугарски државјани.

Тој истакнал дека неговата влада „никогаш не ја антагонизирала Бугарија во нејзиното политички јасно застапување за поддршка на С. Македонија“.

„Дојде еднаш и што направи? Ни стигна нота за напад на бугарски граѓани. Тој е поттикнувач. Таа боза нема да ја продаде на хрватските граѓани“, рекол премиерот, пренесоа локалните медиуми.

На прашањето дали е докажано дека нападите се поврзани со изјавата на Милановиќ, Пленковиќ одговорил дека полицијата ќе го утврди тоа.

Хрватските медиуми објавија дека Министерството за внатрешни работи објавило дури вчера дека собира информации „за незаконско однесување на штета на тројца бугарски државјани откако владата ги известила за тоа врз основа на известување од бугарската амбасада“.

Фото: Slavko Midzor/Pixsell

Слични содржини