Бугарски државјанин измамил повеќе македонски граѓани на територија на Куманово

од Nikola Popovski
102 прегледи

На 12.02.2025 во 15.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со Оддел за криминалистичка полиција и СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(59) од Република Бугарија.

Тој се сомничи дека на територија на Куманово во соработка со повеќе лица извршил измами со наводни сообраќајни незгоди над повеќе лица.

П.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини