Бугарски европратеници се жалат европските институции поради случувањата пред натпреварот „Левски“ и „Шкупи“

од Vladimir Zorba
197 прегледи

вропратениците од ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, Андреј Новаков, Ева Мајдел, Асим Адемов, Емил Радев и Александар Јорданов побараа остра реакција од челниците на европските институции по претепувањето на бугарските граѓани во Скопје пред фудбалскиот натпревар меѓу „Левски“ и „Шкупи“, соопштија од прес центарот на ГЕРБ.

Во отвореното писмо упатено до претседателката на Европскиот парламент (ЕП) Роберта Мецола, на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, до европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји и до претседателите на парламентарните комисии во ЕП, европратениците изложуваат факти околу случајот во Скопје, нагласувајќи дека станува збор за сериозни прекршувања на човековите права предизвикани од омраза и го осудуваат агресивниот однос кон Бугарите.

Според европратениците, ваквиот однос не е резултат на фудбалски емоции и страсти, кои не се исклучок за време на спортски натпревари, а главна причина за агресијата е постојаното наметнување непријателски однос кон Бугарија од страна на политичарите во Република Северна Македонија, од медиумите и од академските кругови таму.

„Ние констатираме дека политиката на омраза кон Бугарија, која со години ја водат политичарите во Република Северна Македонија, веќе погоди многу граѓани“, се вели во писмото. Европратениците потсетуваат на редица напади врз бугарски културни клубови во Северна Македонија, напади врз граѓани со бугарска самосвест, одбивање да се дозволи бугарска делегација – вклучувајќи го и д-р Андреј Ковачев – да влезе во земјата.

Слични содржини