Бугарски европратеник: Никој не може да нѝ изврши притисок поради С. Македонија

од Nikola Popovski
331 прегледи

„Никој не може да нѝ изврши притисок заради Скопје“, изјавил бугарскиот европратеник и поранешен амбасадор во Македонија, Александар Јорданов за ТВ „Канал 3“.

Тој остро ја критикуваше позицијата на голем дел од македонското општество, кое одбива да ги препознае историските факти во врска со контроверзните личности кои го „документирале своето самоопределување како Бугари“.

„Македонците сакаат да ја одземат можноста на овие историски личности да се идентификуваат како Бугари, со ретроактивно дејство“, вели Јорданов, дополнувајќи дека нема да има притисок од ЕУ кон Бугарија.

„Се разбира, можно е одредени пратеници од „левицата“, „зелените“ или „левичарските либерали“ да започнат некој процес на лобирање или пазарење со цел да извршат одреден притисок. Но, ова е апстракција, бидејќи Бугарија е полноправна членка на ЕУ и идејата дека некој друг може да нѝ изврши притисок е повеќе за домашна употреба тука на Балканот“, изјавил Јорданов.

 

Слични содржини