Бугарски европратеници: Билатералниот протокол меѓу Скопје и Софија може да не придвижи до решение

од Nikola Popovski
299 прегледи

Бугарските претставници во Европскиот парламент се со различен став во однос на тоа колку билатералниот протокол на Договорот за пријателство и добрососедство навистина ќе биде гаранција дека Македонија ќе се придржува кон обврските од документот, објави БНР.

Претседателот Румен Радев е категоричен – Бугарија инсистира на писмени гаранции дека Северна Македонија ќе се придржува до своите обврски. Се очекува протоколот да биде подготвен во ноември.

„Билатералниот протокол може да обезбеди дополнителни гаранции за двете страни дека договорот од 2017 година ќе се спроведе во целост, рече известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Според него, ова ќе биде „помошна алатка“.

„Очигледно, потребна ни е дополнителна алатка за да не врати на полето на прагматичната политика“, вели тој.

Европратеникот од Прогресивниот сојуз на социјалисти и демократи, Петар Витанов е на мислење дека ова е начин да се реши прашањето.

„И покрај постоењето на договор, имаме добра причина да веруваме дека договорот не го спроведува Северна Македонија“, рече тој.

Витанов во секој дополнителен пишан документ, кој дава гаранции за усогласеност со договорот, гледа „форма за решавање на моменталната ситуација“.

Европратеникот од Европската народна партија, Андреј Ковачев има спротивно мислење.

„Ниту еден лист хартија не е доволен“, забележува тој.

„Го потпишавме и ратификувавме договорот за заедничка историја, кој Зоран Заев потоа го протолкува како заедничка историја на цела Европа и на целото човештво на оваа земја“, коментира Ковачев.

„Само билатералниот протокол нема да биде доволен, но во секој случај тоа е добар чекор“, вели Ангел Џамбаски, европратеник од Групата европски конзервативци и реформисти.

Според него, билатералниот документ мора да има гаранции од трета страна – на пример, европска институција.

Слични содржини