Се плашам дека ќе се изврши дополнителен притисок врз бугарската влада за решавање на спорот со РСМ во насока на одржување меѓувладина конференција меѓу македонската влада и Европската комисија, изјави за Бугарското национално радио историчарот Воин Божинов, прецизирајќи дека неговата прогноза е во контекст на новата геополитичка ситуација во регионот.
Според него, планираната посета на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на Македонија на 23 и 24 март ќе биде договор за капитулација на Софија пред Брисел и Скопје.
Божинов нагласува дека , „бугарската елита“ нема сила и морална тежина да го издржи притисокот од Брисел и Вашингтон.
„Аргументот во основа е еден, тој важеше уште пред почетокот на непријателствата во Украина, а тоа е дека прашањето за Балканот требаше веќе да се затвори, фигуративно кажано, за да се ограничи штетното влијание на Русија и Кина. Со оглед на тоа што се случува во Украина, овој аргумент ќе станува сè попопуларен меѓу нашите евроатлантски кругови и меѓу некои членови на владата и нејзините конститутивни партии“, оценува Божинов.
Историчарот смета дека темата за почеток на преговорите на С. Македонија за членство во ЕУ може да предизвика криза во бугарската влада, па дури и да доведе до колапс на владејачката коалиција.