319
Нема напредок во преговорите меѓу РС Македонија и Бугарија, но на МНР може да му се верува дека нема промена на бугарската позиција, вели бугарскиот историчар Спас Ташев во интервју за бугарска „Нова“.
Тој посочува „дека ќе се направи обид да се покаже дека во Скопје се прават промени“.
-Учебниците се полни со навреди за Бугарија. Ќе се отстранат неколку антибугарски плочи, но не сите, рече Ташев.
-Сега сè уште постои притисок бидејќи проширувањето со Западен Балкан е на агендата на ЕУ, рече тој.
Историчарот е убеден дека скопската доктрина е напишана во Белград и Москва.
-Доколку Белград и Москва не им дозволат да направат промени, тоа нема да бидат факт, вели историчарот.
За него „сагата ќе продолжи се додека Скопје конечно не се реформира“.