Бугарски историчар: Спорот со Македонија не може да се реши за 6 месеци

од Nikola Popovski
250 прегледи

Мора да се бара рамнотежа помеѓу заштитата на правата на Бугарите во Македонија и подобрувањето на инфраструктурата и деловните врски меѓу двете земји. Не мислам дека таков горчлив проблем, кој созрева со години, може да се реши за само 6 месеци, вели во изјава за „БНР“, бугарскиот историчар Кирил Илиев.

Според него, „неопходно е Македонија да разбере дека нивниот пат кон Европската унија минува низ културен, добронамерен и искрен дијалог со Софија“.

-Нема начин, преку притисок или лобирање, да се натера Бугарија да попушти, со оглед на тоа дека живеат Бугари кои очекуваат наша заштита, поддршка и гаранција за нивните животи и нивното право да се самоидентификуваат како Бугари… Ако тие продолжат да се надеваат дека се ќе се реши како резултат на надворешниот притисок врз Софија, од друга страна јас не сум оптимист. Работите можат да се движат напред со конструктивен дијалог, смета Илиев.

Според историчарот, сликата за Бугарија, која била изградена во текот на историскиот наратив, не е точна и мора да се смени „доколку не сакаат бугарскиот државјанин да биде претставен како нешто лошо во Северна Македонија“.

Слични содржини