„Откако Бугарија беше прва што ја призна Република Македонија пред скоро 30 години и стори сé што е можно да се воспостави како независна држава, тогаш очигледен е неуспехот на нашата „македонска политика“ и неможноста да се воспостават блиски односи на соработка“, изјави бугарскиот политиколог, Николај Василев за Бугарското национално радио.
Според него, во последниве години нивните историчари, кои се „агенти на Државната безбедност“, создале во медиумите „многу лажна слика за тоа што се случува во Македонија“.
Политиката на Бугарија кон С. Македонија треба радикално да се промени, смета политикологот.
„Пропуштени се многу работи. Нема да се случи тоа што го сакаат бугарски националисти, некој одеднаш да каже, историјата била, таква, таква и таква. Тоа е процес кој треба да е многу посеопфатен“, вели Василев. Според него, не можеме да очекуваме историската комисија одеднаш ги реши несогласувањата, стари повеќе од еден век.