Бугарскиот професор на Универзитетот во Синсинати САД, Иван Динев Иванов смета дека отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид е прашање кое што воопшто не се дискутира во Софија.
-Ако ги прашате Бугарите во Софија што мислат на таа тема, ќе ви кажат дека немаат посебно размислување. Јас сум странски државјанин и ми е тешко да ги коментирам внатрешните состојби во Македонија. Сметам дека е тоа е прашање кое треба да се реши меѓу македонските државјани со бугарска самосвест и македонската држава. Мој личен став е дека во Охрид би сакал да видам таков клуб, но од друга страна, царот Борис Трети, иако е контроверзна личност со две лица во бугарската историја, темно и светло. Светлото лице е дека тој за Бугарите избегнувал директна конфронтација. Тој успеал да спаси 50.000 Евреи во Бугарија, вели Иванов во емисијата „Само вистина“.