Бугарски републиканци: Владата на Борисов да го смени ставот за членството на С. Македонија во ЕУ

од Nikola Popovski
339 прегледи

Потпишувањето и ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија беше основа за бугарската поддршка за почеток на преговорите за членств во ЕУ. ПП „Републиканците за Бугарија“ ја оценува како кратковидна во перспектива одлуката за прекин на почетокот на преговорите. Ние сме на мислење дека слабостите во договорот можат да се надминат во рамките на процесот на преговори“, е напишано во официјалниот став на републиканската бугарска партија на Цветан Цветанов испратен до медиумите.

Според републиканците, целосното членство на С. Македонија во НАТО е важен чекор за целокупната европска перспектива на Западен Балкан.

„Предизвиците со кои се соочува РСМ во врска со нејзината евроинтеграција сега се ограничени на одржување на добрососедските односи. Во Република Бугарија, ги пофалуваме достигнувањата меѓу РСМ и Република Грција за името на РСМ, како и за потпишувањето на Договорот од Преспа. Ние веруваме дека целта на заедничкото претседателство (на Република Бугарија и РСМ) со Берлинскиот процес е да го поддржи, во принцип, патот на РСМ кон ЕУ. Оваа цел не се постигнува со превентивна акција. Потсетуваме на огромните напори на Бугарија да стане полноправна членка на Берлинскиот процес и да го добие претседателското место со цел да ја направиме нашата видлива поддршка за европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Главниот надворешно-политички приоритет на првото бугарско претседателство со Советот на ЕУ беше враќање на европската перспектива за земјите од Западен Балкан. Приоритет кој е прифатен од сите земји-членки на ЕУ. Сега изјавуваме дека Бугарија има заедничка политика кон РСМ, поддржана од извршната власт, претседателот и парламентот. Дали е оваа единствена политика, вистинската во време на економска и здравствена криза и дали е навистина доказ за тимската игра во нашата земја?“, стои во соопштението на партијата.

Според нив, главниот надворешно-политички приоритет на првото бугарско претседателство со Советот на ЕУ беше враќање на европската перспектива за земјите од Западен Балкан.

„Приоритет кој е прифатен од сите земји-членки на ЕУ. Сега изјавуваме дека Бугарија има заедничка политика кон РСМ, поддржана од извршната власт, претседателот и парламентот. Дали е оваа единствена политика, вистинската во време на економска и здравствена криза и дали е навистина доказ за тимската игра во нашата земја?“, прашуваат од партијата.

 

Слични содржини