469
Бугарскиот весник „Сега“ денеска излезе со карикатура на Зоран Заев со која, на нивен начин, го објаснуваат спорот помеѓу двете земји, но и се потсмеваат на премиерот.
На карикатурата Заев е прикажан како зајак во шешир, кој е во боите на македонското знаме зад кого има бугарско знаме, а пред него има стап на чиј крај има морков.
Шеширот од кој излегува премиерот лежи на чаршав со симболите на ЕУ.