Бугарски вицепремиер: Чиста шпекулација е дека ЕУ ќе ни ги блокира средствата поради Македонија

од Nikola Popovski
233 прегледи

Бугарскиот вицепремиер за управување со европските фондови Атанас Пеканов категорично ги отфрли тврдењата дека Европската комисија може да ги блокира нивните средства предвидени со „Планот за закрепнување и одржливост“.

„Ова се шпекулации, не би рекол дека има таква поврзаност“, изјави Пеканов, одговарајќи на прашањето дали поради оваа причина Европската комисија има 43 забелешки за „Планот за закрепнување и одржливост“. Според овој план, Бугарија треба да добие 6,6 милиони евра до 2026 година. Во последните неколку недели се појавија вести со анонимни извори дека овие средства ќе бидат блокирани, се додека Бугарија не ја укине блокадата за почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ.

Вчера при собраниската блиц-контрола стана јасно дека две од забелешките се поврзани со енергетиката и владеењето на правото. Пеканов појасни дека во областа на владеењето на правото, контролата мора да биде зајакната. Тој додаде дека не е загрижен за прашањата што ги покренува Брисел.

Слични содржини