Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ ширел говор на омраза, битолското обвинителство води предистражна постапка

од Nikola Popovski
261 прегледи

Членот на Комисијатаза заштита и спречување на дискриминација Весна Бендевска синоќа информира дека битолското јавно обвинителство води предистражна постапка за ширење говор на омраза од страна на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ преку нивните социјални мрежи.

-Го информиравме Основното јавно обвинителство Битола бидејќи во дел од содржините има можност да станува збор за еклатантен говор на омраза, што е забранет согласно Кривичниот законик. Од Обвинителството не известија дека веќе е отворена предистражна постапка, рече Бендевска во емисијата „Топ тема“.

Таа истакна дека како комисија, тело за еднаквост, должност е примена и на европската Конвенција за човекови права и во мислењето биле цитирани еден куп примери, каде што евроскиот Суд во Стразбур не дозволува историски ревизионизам и бара итна, општествена потреба за брзо реагирање.

-Министерството за правда мораше да превенира. Пилот проектот за користењето на името Ванчо Михајлов во Централниот регистар овозможи друго здружение во Охрид да го користи името Цар Борис Трети. Не говорам од политички аспект, туку само од аспект на Законот за заштита од дискриминација, додаде Бендевска.

Слични содржини