Бугарскиот премиер наложил Бугарија да биде воздржана за Резолуцијата за Сребреница, амбасадорката гласала „за“

од Nikola Popovski
648 прегледи

Бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев испратил писмо до постојаната претставничка на Бугарија во Обединетите нации, Лачезара Стоева во кое побарал од неа да биде воздржана за време на гласањето на Генералното собрание на ОН за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Стоева го одбила барањето на премиерот и гласала за Резолуцијата на која коавтор беше и токму Бугарија.

Истражувачкиот сајт „Bird“ објавил документи кои ја покажуваат промената во ставот на Софија, по разговорот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов.

Главчев на 23-ти мај го испратил барањето до постојаниот претставник на Бугарија во ОН.

Бугарија беше еден од коспонзорите, покрај Македонија, на резолуцијата, чии предлагачи беа Германија и Руанда, а според утврдените правила во ОН тоа значи и дека ќе гласаат за неа.

Стоева ја одбила директивата на премиерот и во својот одговор дала аргументи зошто Бугарија не може да го смени ставот во последен момент, пред се затоа што тоа ќе влијае на угледот на државата.

За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со став дека амбасадорот во ОН, Љубомир Фрчкоски требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.

Слични содржини