Бугарскиот премиер Петков погоден со снежна топка (ВИДЕО)

од Milan1

Премиерот на Бугарија Кирил Петков беше удрен со снежна топка во главата за време на посетата на местото Шипка во близина на бугарскиот град Стара Загора.

Бугарските медиуми пишуваат дека Петков бил погоден со снежна топка додека зборувал за единство за време на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Бугарија.

3 март во Бугарија се празнува од 1991 година во чест на потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор, кој бил потпишан во 1878 година.

Слични содржини