Бугарскиот рапер „Устата“ добива закани поради навреди кон Македонија

од Nikola Popovski
741 прегледи

Бугарскиот рапер Иван Динев, попознат како „Устата“ им се пожалил на бугарските медиуми дека добивал закани поради упатени навредливи зборови кон Македонија. Тој неодамна на својот Фејсбук профил објавил дел од песна посветена токму за нашата земја.

„Лично и категорично – прва лекција за македонската историја: ова не е земја, туку територија“, стои во дел од песната.

„Устата“ вели дека ова не е негова песна, туку дека само го искажува неговиот личен став, кој бил испровоциран од последните настани меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Највознемирувачко беше на прославата на Гоце Делчев, многу Бугари сакаа да одат да оддадат почит, но токму тогаш им снема струја. Тогаш гледате дека тоа е ставот на самата држава“, додал раперот во изјава за „Bg on AIR“.

Поради видеото Динев истакнал дека добива закани по живот.

„Ми пишуваат, освен дека ќе ме убијат и дека ќе ме влечат по улица. Многу интересни работи“, објаснил раперот.

Меѓу другото, „Устата“ во песната истакнал дека Македонците се „злобни“ и дека македонскиот јазик е „бугарски дијалект“.

Слични содржини